НЕ ВЕРУВААТ ВО ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА: Во случај на војна, 57% од Германците НЕ БИ ЗЕЛЕ ПУШКА

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Истражувањето на јавното мислење спроведено во Германија покажа дека 75 отсто од јавноста верува дека германските вооружени сили (Бундесвер) немаат способност да ја бранат земјата, пренесува Anadolu.

Истражувањето е спроведено на 11 и 12 март на примерок од 5.013 луѓе, а го спроведе истражувачката компанија Civey за магазинот „Фокус“.

Резултатите од истражувањето открија дека 75 отсто од испитаниците рекле дека не веруваат во способноста на Бундесверот да ја брани земјата. Десет отсто од анкетираните веруваат во способноста на германската армија, а останатите 15 отсто не кажале ништо.

69 отсто од испитаниците поддржуваат повисоки парични придонеси за армијата.

Две третини од анкетираните Германци веруваат дека нивната земја треба трајно да издвојува повеќе од два отсто од бруто домашниот производ за одбраната. Ист процент на оние кои го делат ставот дека Германија треба повторно да го воведе задолжителниот воен рок.

68 отсто од испитаниците ги гледаат руските воени операции во Украина како закана за Германија.

45 отсто од испитаниците сметаат дека Германија дефинитивно не треба да има атомска бомба, а 22 отсто сметаат дека треба.

Во случај на војна, 57 отсто од анкетираните Германци не би земале оружје, а 22 отсто рекле дека ќе војуваат.

Слични содржини