Неапол го прогласи Асанж за почесен граѓанин

од Nikola Popovski
204 прегледи

Градот Неапол го прогласи основачот на Викиликс, Џулијан Асанж за почесен граѓанин, објавија денеска италијанските медиуми.

Градоначалникот на Неапол, Гаетано Манфреди, на Стела Морис, сопругата на Асанж, за време на свечена церемонија ѝ ја врачи плакетата за почесен граѓанин, пренесува АНСА.

„Овој гест симболично го претставува градот Неапол, град кој отсекогаш ги бранел сите слободи. Ако сакаме да ја браниме и зајакнеме демократијата, мораме да ја браниме слободата на печатот бидејќи силна демократија се прави со силен печат“, рекол Манфреди, им се заблагодарил на сите и ги повикал да продолжат да се борат „додека Џулијан не биде на слобода“.

Асанж (52) моментално се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш и чека екстрадиција во САД, кои го обвинуваат за шпионажа, објавување доверливи информации за Ирак и Авганистан и дипломатски телеграми во 2010 и 2011 година.

Слични содржини