Русија наскоро ќе го информира Советот за безбедност на Обединетите нации за актуелната ситуација во украинскиот град Буча, а ние ќе обезбедиме докази дека руската армија нема никаква врска со овие провокации, изјави синоќа постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја во однос на убиствата во Буча.
-Од самиот почеток е јасно дека ова не е ништо друго туку уште една провокација чија цел е дискредитација и дехуманизација на руската армија и зголемување на притисокот врз Русија. Руската армија нема никаква врска со злосторствата врз цивилите, тоа не е случај, ниту некогаш било така, изјави Небензја, пренесува ТАС С.
Тој посочи дека Русија има цврсти докази кои го потврдуваат тоа и ќе ги достави до Советот за безбедност што е можно поскоро, за меѓународната заедница повеќе да не се залажува со лажниот наратив на Киев и неговите западни спонзори.