Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензија тврди дека вооружените сили на Украина го нападнале гасоводот Турски тек по дојава од Соединетите Американски Држави и Велика Британија.
„Имаме сите причини да веруваме дека нападот на инфраструктурата на Турски тек е извршен врз основа на дојава од Вашингтон и Лондон, кои се заинтересирани за поврзување на ЕУ со скапиот течен природен гас (ЛНГ) од САД“, изјави Небензија на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, пренесува „РИА Новости“.
Рускиот претставник додаде дека Вашингтон и Лондон го спречуваат започнувањето на објективна меѓународна истрага за терористичкиот напад на Северен тек.