Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека не e запознаен дека Советот за безбедност на ОН подготвува некаков документ за Иран во врска со нападот на Техеран врз израелските воени објекти.
„Во моментов не знам за ништо слично“, изјави тој за новинарите по состанокот на Советот за безбедност на ОН, кој се одржа по нападот на Иран врз израелските воени објекти, пренесе ТАСС.
Постојаниот претставник на Малта во ОН, Ванеса Фрејзер, рече дека досега само една земја изразила желба да подготви документ за Иран.
Небензја претходно изјави дека одредени западни земји го спречиле Советот за безбедност да усвои нацрт-изјава за печатот подготвена од Русија со која се осудува израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија.