Небесен остаток ќе ја погоди земјата во близина на Шри Ланка

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Откриен од американски астрономи и привремено означен како WT1190F, астероид ќе се судри со Земјата на 13-ти ноември.4469937

Објектот беше откриен на 3-ти октомври и е со големина од само неколку метри. Потоа беше разјаснето дека неговата густина е многу мала за да биде категоризиран како астероид и најверојатно претставува остаток од сателит. Во последните денови беа положени значителни напори за да се одреди орбитата на објектот, а беа откриени и негови архивски слики.

Од Европската вселенска агенција (ESA) соопштува дека тој бил пресретнат на архивски снимки од 2013 година. Но, всушност се работи за доста сложен процес, следење на објектот до почетокот на декември 2012г.  Благодарение на овие архивски снимки на WT1190F беше одредена значително поточна орбита.

Пресметките покажуваат дека местото на судирот, ако објектот не изгори целосно во атмосферата, ќе е на околу 100км јужно од Шри Ланка во 6:20 UT на 13 ноември. Раководителот на опсерваторијата А79 д-р Фратев, сепак предупредува дека објектот има во одреден степен хаотична орбита по доближувањето со Месечината во 2012г. и екстраполацијата на неговото движење врз основа само на архивски снимки е избрзана. Има потреба од нови набљудувања на објектот за прецизирање како на неговите физички карактеристики, така и на неговата орбита.