Небинарен травестит тврди дека се вработил во администрацијата на Бајден

од Nikola Popovski
428 прегледи

Небинарен травестит, кој позира на интернет со луѓе во опрема за ропство и облечен како калуѓерка, тврди дека се вработил во одделот за енергетика на претседателот Џо Бајден.

Сем Бринтон, кој ја користи заменката тие / нив, кога зборува за себе, напиша на Linkedln дека ја прифатил работата „Заменик помошник секретар за искористено гориво и отстранување на отпадот“.

– Во оваа улога ќе го работам она за што отсекогаш сум сонувал, водејќи ги напорите за решавање на националните предизвици со нуклеарниот отпад. Ќе направам се што можам за да донесам иновативна мисла во оваа владина улога. Јас дури ќе бидам (според моите сознанија) првата родово-флуидна личност во раководството на федералната влада. Но што е најважно, јас ќе бидам одговорен за изнаоѓање решение за проблемот на кој му го посветив животот и кој е во застој со децении, напиша Бринтон.

Тој додаде дека знае дека нема да биде лесно, дека е огромен предизвик, но и дека е подготвен да го прифати.

-Нервозен сум, но и толку возбуден. Искрено посакувам да можам да славам со секој од вас лично, бидејќи ова е денот за кој сонувам повеќе од една деценија, напиша Сем.

Дејли Мејл пишува дека Белата куќа не го потврдила назначувањето.

Сем претходно работел за организации против нуклеарниот отпад и ЛГБТК организации.

Замениците помошници секретари во владините агенции обично се на пониски позиции за кои не е потребна потврда од Сенатот, но на Твитер профилот „Libs of TickTook“ беше објавена фотографија од Бринтон облечен во високи потпетици со американско знаме и сјаен фустан како стои покрај тројца луѓе кои имитираат кучиња.

Фотографијата привлече внимание и критики против ЛГБТК.

Бринтон дипломирал на МИТ, а работел и за група која спречува убиства на геј и трансродови лица.

Фото: Profimedia/ddp USA/CQ-Roll Call

Слични содржини