304
Американска тинејџерка е осудена на 90 дена затвор откако земала апчиња за абортус за да ја прекине бременоста, а потоа се ослободила од плодот со помош на нејзината мајка.
Селест Бурџис (19) се изјаснила за виновна за незаконско складирање на човечки останки по абортусот 28 недели од бременоста кога имала 17 години, објави Би-Би-Си.
Нејзината мајка Џесика (42) се соочува со максимална затворска казна од пет години поради помагање на нејзината ќерка и кршење на законот за абортус во Небраска.