Јавноста долго време сака да ја види заљубената пејачка Неда Украден во прегратка на партнер кој ќе и го освои срцето, а популарната пејачка поведра и посреќна од кога било, реши да ги земе работите во свои раце и конечно да го најде вистинскиот.
Веста дека Бил Гејтс се разведува, ја израдува српската музичка sвезда. Свесна дека социјалните мрежи се моќна работа, Неда реши да испрати јасна порака до еден од најбогатите луѓе во светот, преку Инстаграм.
– Биле, дојди да остариме заедно – напиша духовито Неда и ги насмеа сите оние кои ги читаат вестите за разводот на овој пар.
Сепак, ако Бил имаше можност да го види нејзиното последно издание, веруваме дека тој нема да остане рамнодушен.