Недановски: Преголема беше желбата да играме во Задар

од Берта Китинска
206 прегледи

Преголема беше желбата да играме во Задар, но ете загубивме на пенали, кажа тренерот на Вардар 1961, Владо Недановски на прес конференцијата по мечот со Нексе .

-Имавме преголема желба, ама загубивме по пеналите кои се лотарија. Сепак, среќен сум дека покажавме дека имаме карактер, се вративме од четири гола дефицит, за да се вратиш во натпрепварот. Докажавме дека можеме да играме против сериозен тим кој играше на „фајналфор“ во Европската лига, еден од петте најдобри тима на балканот“, изјави Недановски.