Недела да биде ден за неделен одмор , главна тема на денешниот состанок на министерката Шахпаска со Синдикатот на Клинички центар

227 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оддржа он лајн состанок со претставници на Синдикатот на Клинички центар, на кој  што се разговараше за законското решение недела да биде ден за неделен одмор.

Од страна на Синдикатот беа посочени предлог решенија кои би одговарале на  здравството како особено  комплексна дејност каде што дежурствата,  се регулираат со Законот за здравствена заштита и Колективен договор.

На состанокот стана збор и за неколку други теми  во делот на репрезентативноста на Синдикатот, за  предлог законското решение на  Законот за работни односи, на кој работи работната група  во Министерството за труд и социјална политика со Синдикатите, Организацијата на работодавачи, претставници на МОТ и експерти, со кое се предвидува задолжително пензионирање на 64 години  и 15 години стаж, а исклучок се дефицитарните кадри како во здравството така и во високото образование.

Соговорниците изразија подготвеност  и за понатамошни средби и состаноци за сите прашања кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а ги засегаат вработените во здравството.

Слични содржини