Неделен извештај на ИЈЗ: Смртноста намалена, но се бележи пораст на позитивни случаи на Ковид 19

238 прегледи

Институтот за јавно здравје го објави својот неделн извештај според кој, во периодот од 25 до 31. јануари, биле тестирани 13.742 лица, односно материјали од лица во рамки на лабараториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5 отсто во однос на минатата недела.

Оттаму, во текот на изминатата недела регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3 отсто), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18 отсто или во просек 14 отсто, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=540, 26,5 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 години (n=368; 18,1 отсто), од 50 до 59 години (n=365; 17,9 отсто), од 30 до 39 години (n=374; 18,4 отсто) и од 20 до 29 години (n=251; 12,3 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=41; 2 отсто) и од 10 до 19 години (n=97; 4,8 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 41,4 отсто помалку споредено со минатата недела.

Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, шест лица на возраст од 50 до 59 години и три лица на возраст од 40 до 49 години.

Слични содржини