Неделков: Договорите што ги имаме во делот на минимална плата, може да ги фрлиме во канта

690 прегледи

Во своето гостување во „Топ тема“, претседателот на СОНК, Јаким Неделковски се осврна на Законот на минимална плата и проблемот кој е настанат помеѓу СОНК заедно со социјалните партнери и институциите.

„Еден проблем може да се гледа од еден или повеќе агли. Од наш аспект, може и нашата реакција е задоцнета, бидејќи ние сакаме првично преку дијалог да ги решиме веќе постоечките проблеми. Ние подолго време бараме од институциите да седнеме и да ги надминеме проблемите. Фамозниот закон за минимална плата, вели дека треба да се усогласи со договорите. Ние, само популистички само велиме дека се зголемува минималната плата. Оттаму, ние кои имаме потпишани договори со социјалните партнери, можеме во делот на платата да ги фрлиме во канта. Не може министрите и институциите да се повикуваат на почитување на законите, а самите тие не ги почитуваат законите“

Слични содржини