Актуелната претседателка во Врховниот суд, и екс претседателката на истиот, Лидија Неделкова, денес до ОЈО поднесе кривични пријави за тројца членови на Судскиот совет, по однос на злоупотреба на службената положба.
Како што вели таа, членовите на Судскиот совет ја искористиле својата положба да влијаат на постапката која се води против неа по поднесена претставка од сега веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.
„Се работи за една од повеќето пријави кои што Вангеловски ми ги поднесуваше пред сè заради нетрпеливост околу еден случај. Во таа постапка Комисијата донесе одлука за запирање, но таа одлука не може да запре. Ова сега ќе оди кон конечниот исход, изјави Неделкова во „Утрински брифинг“.
Таа вели дека во судството е од 1994 година и дека ги предводела реформите. – Мислам дека се работи за политички притисок, бидејќи зошто токму сега кога се прави реформа од страна на Министерството за правда каква врска има мојата постапка која е од 1.04.2019. Но јас сум голем „трофеј“. Некој не сака да ме види во судскиот систем. Кога не можат да влијаат врз вас не им требате во судскиот систем“, посочи судијката Неделкова.
Меѓудругото, таа апелираше и за оценувањето на судиите за застарени предмети да се изработи внимателно.
Во таа насока, одговор даде и претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, кој за „Слободен печат“ потенцираше дека при одлучувањето за нејзиниот предмет по однос на кривична пријава, таа побарала изземање на четири членови на Советот, меѓу кои и претседателот.