Германскиот производител на луксузни автомобили Порше можеби ќе мора да го прилагоди производството поради недостаток на клучни чипови за своите автомобили, објави германскиот деловен весник „Ханделсблат“.
„Не можеме да ја исклучиме можноста дека во блиска иднина (ќе) мора да го намалиме обемот (производството) на некои модели“, ја цитираше Ханделсблат компанијата, без да наведува детали.
Недостатокот на полупроводници ги потресе производителите на автомобили ширум светот, принудувајќи го американскиот автомобилски гигант „Генерал моторс“ во четвртокот да објави пообемно намалување на производството во некои фабрики во Северна Америка.
Матичната компанија на Порше, Фолксваген, соопшти дека очекува снабдувањето со чипови да остане густо во наредните месеци, додавајќи дека не може да објави проценки за деловните резултати оваа година.