Недозволени методи при „слободното време“: Еве како Пи Диди се однесува во притвор

од Nikola Popovski
92 прегледи

Пи Диди го чека судењето, кое треба да се одржи во мај 2025 година, а „слободното време“ го поминува во затвор смислувајќи своја одбрана. Сепак, се чини дека при креирањето на сценариото користел недозволени методи.

Иако адвокатите од тимот на Диди напорно се обидуваат раперот да биде пуштен во домашен притвор, судот нема да отстапи во овој случај. Барем така изгледа засега… И додека Шон Комбс (на јавноста попознат како Пи Диди) е во затвор поради сексуална трговија, рекетирање и посредување во проституција, неговото влијание и понатаму е огромно.

Имено, обвинителите тврдат дека Комбс се обидел да влијае на сведоците, но и на потенцијалните поротници, а неодамна нашле докази кои укажуваат на тоа.

Иако адвокатите на Диди тврдат дека уставните права на раперот биле прекршени минатиот месец кога федералните истражители заплениле 19 страници од неговите белешки за време на претресот во неговата ќелија и ги споделиле со обвинителите, токму тие страници ги содржеле рачно напишаните доверливи белешки на Диди до неговиот правен тим во врска со стратегија за одбрана за неговото претстојно судење.

Меѓу белешките има и инструкција да се најдат инкриминирачки информации за две наводни жртви на злосторството на Диди.

Адвокатот на раперот реагирал на одземањето на белешките и на тоа што тие содржат потенцијално опасна содржина.

Адвокатот Марк Агнифило, кој моментално го застапува Шон Комбс, ги отфрли тврдењата дека белешките се оспорени и рече дека судот треба да ги прегледа снимките од надзорните камери од притворскиот центар Метрополитен во Бруклин, каде што се наоѓа Диди, за да утврди што се случило за време на претресот.

Судијата Арун Субраманиан му нареди на обвинителството засега да ги избрише сите копии од документите, а итното рочиште дојде откако одбраната поднесе нови судски документи, откривајќи дека дознале дека обвинителите поседуваат привилегирани материјали од претресот на 28 октомври во петокот.

Освен Пи Диди, овој случај би можел да погоди и разни познати фаци кои низ годините ги посетувале неговите забави. На листата на блиски пријатели се Џеј Зи и Бијонсе, а особено е интересен односот со неговата поранешна девојка Џенифер Лопез со која остана во добри односи и по раскинувањето.

Слични содржини