Неформален состанок на министрите за надворешни работи на А5

од Vladimir Zorba

Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба, утре, 28-ми март, во хотел Хилтон, ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи на А5.

Состанокот, во својство на Претседавач ќе го води министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а ќе учествуваат министри за надворешни работи и високи претставници од земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската Повелба.

На состанокот ќе се дискутираат можностите за зајакнување на политичката улога на Повелбата во контекст на актуелните регионални состојби и безбедносни предизвици. Воено, ќе стане збор и за руската агресија врз Украина, последиците од војната врз нашиот регион како и за досегашната и идна поддршка на земјите од Повелбата за Украина.

Слични содржини