Неговата смрт целосно ја скрши: Синот на Лиза Мари Присли извршил самоубиство

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Ќерката на Елвис Присли почина синоќа во болница на 55-годишна возраст.

Присли беше итно пренесена во болница вчера во критична состојба, а лекарите рекоа дека паднала во кома по „целосен застој на срцето“ набргу откако се пожалила на болки во стомакот, пренесе ТМЗ.

„Со тешко срце морам да ја споделам страшната вест со вас: мојата прекрасна ќерка Лиза Мари не напушти“, соопшти нејзината мајка, Присила Присли.

Лиза беше единствената ќерка на кралот на рокенролот, а од него ја наследи љубовта кон музиката и издаде три албуми. Исто така, поради турбулентниот живот таа беше честа тема на медиумите. Имено, Лиза беше во брак со јавни личности како Мајкл Џексон, Николас Кејџ, Дени Кју и Мајкл Локвуд.

Таа имаше четири деца, а нејзиниот син Бенџамин Кју изврши самоубиство во 2020 година на роденденската забава на неговата девојка Дијана Пинто. Како што објавија странските медиуми, тој си пукал во уста, а нивните соседи наводно слушнале глас на девојка која вика „Немој!“, за која се верува дека била Пинто.

„Оваа страшна тага која ми го уништи и скрши срцето и душата целосно ме проголта“, напиша таа на својот Инстаграм профил.

Присли отворено проговори за тоа дека овој настан целосно ја скршил, но сила најде во нејзините три ќерки Рајли и двете близначки Харпер и Финли.

Слични содржини