Негувателка во градинка нападнала дете со тврд предмет

од Nikola Popovski
279 прегледи

Мајка пријавила дека нејзиното дете било физички нападнато од вработена во градинка, велат од МВР.

-На 01.09.2021 во 19:30 часот во СВР Скопје 41 – годишна скопјанка пријавила дека во градинка во населба Автокоманда нејзиното дете било физички нападнато со тврд предмет од вработена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.