Нехамер го потврди ветото за Шенген за Бугарија и Романија

од Radmila Tasevska
205 прегледи

Австрискиот канцелар Карл Нехамер во вторникот во разговор со австриските новинари го потврди својот став во однос на наметнатото вето против проширувањето на Шенген зоната со Бугарија и Романија.

Ветото ќе остане на сила се додека системот е „нефункционален“, рече Нехамер, потсетувајќи на барањата за статус на бегалец поднесени во Австрија од 75.000 нерегистрирани мигранти кои ја преминале надворешната граница на Европската унија долго пред да влезат во Австрија.

Нехамер укажа и на сè уште постојната германска гранична контрола долж границата со Австрија. Тој ги отфрли обвинувањата за несолидарност.

Канцеларот потсети дека едно време Германија го блокирала влезот на Австрија во Шенген со аргумент дека Австрија не е во состојба да ја заштити надворешната граница. Тој изјави дека Австрија тогаш не била загрижена, туку работела на ова прашање за да ја добие довербата на Германија.

Слични содржини