Неисправен електричен кабел можна причина за најголемиот пожар оваа година во Грција

од Milan1
22 прегледи

Инспекторите се сомневаат дека неисправен далновод е можната причина за најтешкиот пожар оваа година, во кој една жена загина недалеку од Атина, а изгореа дури 10.000 хектари земја, соопштија денеска извори блиски до истрагата.

Пожарот, кој започна на 11 август, започна во шумата во близина на градот Варнавас, на 35 километри од главниот град, а за само еден ден се прошири во северните предградија на Атина, пренесува Ројтерс.

Властите ги испрашуваа жителите на Варнавас како дел од истрагата за причините за пожарот. Еден 76-годишен маж изјавил дека пожарот можеби бил предизвикан од дрвен столб пред неговата куќа, на кој имало лабаво прикачен електричен кабел, рекоа официјалните лица.

Слични содржини