Анџелина Џоли и Бред Пит ќе ги претстават своите нови филмови на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, што значи дека неизбежно ќе се сретнат, пренесе The Hollywood Reporter. Освен на суд, овој пар одамна немал блиска средба лично.
Познатата актерка доаѓа на 81. издание на фестивалот во Венеција за филмот Maria, во кој ја толкува главната улога на оперската пејачка Марија Калас.
Од друга страна, нејзиниот поранешен сопруг пристигнува како една од главните ѕвезди на филмот Wolfs, во кој глуми со Џорџ Клуни.
Двојката последен пат се појави заедно на Филмскиот фестивал во Венеција во 2007 година, кога Анџелина прошета на црвениот тепих како придружба на Бред пред премиерата на вестернот The Assassination of Jessie James by the Coward Robert Ford.