Ниту еден месец откако беше предложен од Европската комисија, шестиот пакет санкции против Руската Федерација не беше усвоен во ЕУ, поради противењето на Унгарија на најавеното ембарго за увоз на нафта од Русија.
Брисел и земјите-членки се во секојдневен контакт со цел да се најде решение, а на маса е опцијата за воведување ембарго на нафтата увезена со танкери, додека копнените нафтоводи може да бидат исклучени, на кои Унгарија и некои други земји-членки најмногу се потпираат.