Нејмар: Ја сакам Аргентина

од Vladimir Zorba

Нејмар да Силва ја посакува Аргентина во финалето на Копа Америка.

Бразил го совлада Перу со минимален резултат во првото полуфинале, додека Аргентина ја очекува дуел со Колумбија.

По одличниот пробив и серијата дриблинзи, Нејмар му асистираше на Лукас Пакета за победничкиот погодок.

„Ја сакам Аргентина! Јас ќе ја поддржувам Аргентина, бидејќи таму имам пријатели и во финалето ќе победи Бразил“, рече Нејмар со насмевка.

Аргентина и Колумбија играат ноќта помеѓу вторник и среда (3 часот по полноќ), додека финалето е на програмата ноќта помеѓу сабота и недела во 2 часот по полноќ по локално време.

Слични содржини