„Нека ме нападне“: Меган Фокс во минијатурно бикини позираше среде џунгла (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
542 прегледи

Познатата манекенка и актерка Меган Фокс уште еднаш успеа да го разбранува интернетот со објава на Инстаграм.

Имено, таа сподели серија фотографии на кои е во минијатурно зелено бикини, а се фотографирала среде џунгла.

Привлече големо внимание со своите предизвикувачки пози и атрактивен изглед, а во описот на фотографиите напиша „Шумата е мојот најстар пријател“.

Нејзиното момче, музичарот Машин Ган Кели, прв го коментираше овој пост.

„Ако вака изгледа диво животно, би го оставил да ме нападне“, напиша Кели, што е негов прв јавен коментар откако се шпекулираше дека парот има проблеми во врската, па дури и раскина.

Слични содржини