Премиерот Христијан Мицкоски му порача „нека му е со среќа“ на пратеникот Халил Снопче откако вчера тој во дебатна емисија изјави дека доколку се изгласа Законот за бранители, коалицијата ВЛЕН ќе ја напушти Владата.
Мицкоски го даде истиот одговор и кога беше запрашан за најавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за протести доколку се укина механизмот „балансер“.
-Исто така и на него можам да му порачам добро здравје и со среќа, рече претседателот на Владата од општина Ѓорче Петров, каде присуствуваше на поставување камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“.
Снопче синоќа изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.
„Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.