Различните завојувани сили во Сирија се во трескавична трка за освојување на максимум територии за сметка на џихад организацијата Исламска држава и така да си обезбедат задржани периметри, ако во земјата биде утврден федерален систем.

Трите сили – режимот во Дамаск, Курдите и бунтовниците – се стремат да обезбедат поголемо парче од тортата не само за сметка на ИД, но и индиректно за сметка на останатите завојувани – го цитира АФП мислењето на Тома Пјер, специјалист за проблемите на Сирија .
Во централната провинција Хомс вооружените сили на режимот на Башар Асад, поддржани од Русија, ја изгонија ИД од античкиот град Палмира, како и од градот Карјатјан. Во северната провинција Алепо единиците на бунтовниците и на исламистите, поддржани од Турција и од авијацијата на САД, ја натуткаа ИД од дваесеттина села, меѓу кои и Ар Раи – главниот пункт за преминување во Турција, користен од џихад групата.
“Уставна демократија” по турски
На југ џихадисти од Фронтот ал Носра – сирискиот огранок на Ал Каеда – заедно со салафистите од Ахрар ал Шам и други бунтовници зазедоа три населби. На североисток арапско-курдскиот сојуз на Демократските сили во Сирија напредува кон богатата со нафта провинција Деир Езор, кон која се стреми и режимот. Со заземањето на Палмира, режимот во Дамаск мисли за предноста што тоа ќе му даде на дипломатско ниво во преговорите … со бунтовниците, нагласува аналитичарот Пјер.

А кога бунтовниците напредуваат долж турската граница, целта не е само да ја одбијат заканата ИД, но пред се да гиспречат Курдите да се понапред во регионот, па да си обезбедат стратешка длабочина спрема истите тие Курди и режимот, додава тој. Засега тортата е доволно голема и секој може да искористи. Следните фази ќе се посложени: источно од Алепо има области на кои пројавуваат интерес како режимот, така и Курдите и бунтовниците – нагласува Пиеро, кој е предавач во Единбургшкиот универзитет.
Контролираните од ИДа територии – групата држи 40% од земјата, каде има наоѓалишта на нафта и гас, и просперитетно земјоделство – претставуваат голема соблазна, поради што не е исклучена можноста од судир меѓу режимот и бунтовниците.
Не верувам дека Русите и Американците ќе можат вечно да им пречат на сојузниците да се судрат меѓусебно, забележува францускиот експерт за џихадизам Ромен Каје. Во случај кога сите непријатели на ИД ќе се обединат меѓу себе под американско-руско туторство, губењето на територии ќе предизвика ИД да премине кон целосна илегала.
За момент режимот и опозицијата тврдат дека се против федерализмот и го отфрлат објавувањето во март од Курдите на федерален регион во северниот дел на земјата. Ама нивните кумови Москва и Вашингтон не се против, смета Фабрис Баланш, истражувач во Вашингтонскиот институт.
САД и Русија небаре се согласуваат по прашањето за федерализмот во Сирија, вели тој. Еден од начините да го ослабат Асад е да си обезбедат зони на влијание. Иако Американците да го поздравија примирјето, кое овозможи на учесниците во конфликтот да се фокусираат на ИД, која е исклучена од него, прашањето кој ќе стигне прв во Ракка, фактичката престолнина на ИД, останува отворено . Кој прв ќе го ослободи Ракка уште не е актуелно прашање. Претстојат уште многу тешки битки, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонр. Но, според еден европски дипломат од земјата учесничка во предводената од Вашингтон меѓународна коалиција против ИД во никој случај не треба режимот и Русија да се наметнат да го заземат Ракка. За нас многу важен премин е Ракка. Ако режимот и Русите го земат градот … тоа – жчесно да си го кажеме – би значело дека тие ја имаат освоено војната и дека опозицијата држи само мал сектор во северниот дел на земјата, смета тој.