Некогашен критичар кој стана лојален сојузник: Кој е Џеј Ди Ванс, изборот на Трамп за потпретседател?

од Илинка Илиоска
33 прегледи

Доналд Трамп го именуваше сенаторот Џеј Ди Ванс од Охајо за свој потпретседател, некогашен критичар кој стана лојален сојузник и сега е првиот милениумец кој се приклучил на големата партија во време на длабока загриженост за напредната возраст на американските политички лидери.

Ванс, кој има 39 години е роден во сиромашно семејство во јужниот дел на Охајо. Неговиот избор, како што пишуваат влијателните медиуми, може да помогне во зајакнувањето на кампањата на Трамп во трката што ќе ја одредат гласачите во неколку сиромашни држави, меѓу кои и блиските Пенсилванија и Мичиген, иако неговите конзервативни ставови може да ги одбијат умерените гласачи.

Џеј Ди Ванс, човек од доверба на Трамп?

„Би-би-си“ на оваа тема пишува дека уште во 2016 година, кога Доналд Трамп го избра гувернерот на Индијана, Мајк Пенс за свој потпретседател, нашироко се сметаше за обид да им се додворува на евангелистичките христијански гласачи кои можеби биле претпазливи да го поддржат Трамп во тоа време.

За разлика од тогаш, овој пат Трамп се одлучи за Џеј Ди Ванс. И како и неговиот претходен избор, изборот на сенаторот од Охајо нуди одреден увид во кампањата на поранешниот претседател и, веројатно, како би владеел доколку се врати во Белата куќа.

Но она што е интересно е токму изборот на Џеј Ди Ванс. Повеќе од очигледно е дека Трамп знае дека овие избори ќе бидат добиени или изгубени во неколку индустриски држави од т.н. бојното поле на Средниот Запад.

Роден во Охајо, г-дин Ванс го привлече вниманието на народот по објавувањето на неговите најпродавани мемоари „Хилбили елегија“, кој раскажува за неговото воспитување и како тоа влијаело на неговата политика и погледот кон светот. Во тие мемоари, тој ги истражуваше социо-економските проблеми со кои се соочува неговиот роден град и се обиде да им ја објасни на читателите популарноста на Трамп меѓу сиромашните бели Американци.

Дополнително, тој беше остро критичен кон Трамп, и јавно и приватно, во 2016 г. и за време на почетните фази на неговиот мандат од 2017-2021 година.

Имајќи го предвид наведеното, тој со неговото потекло, според пишувањата на медиумите, може да биде добро позициониран да се поврзе и да ги поттикне оние гласачи од работничката класа кои тесно му ги предадоа тие држави на Трамп во 2016 година.

Ванс гласно се противи против американската помош за Украина

„Би-би-си“ пишува дека особено гласното противење на Ванс на американската помош за Украина во војната со Русија ги воодушеви најконзервативните сојузници на Трамп, иако вознемири некои колеги од Сенатот.

Па така со само 39 години, Ванс се верува дека покрај острите ставови за војната во Украина, тој ќе им обезбеди младешки контрапункт на кандидатите на врвот на двата претседателски кандидати. Изборот на Трамп на Ванс го позиционира Охајо да биде во првите редови на новата генерација „Мага републиканци“, кои веруваат во екстремната идеологија на партијата. И доколку поранешниот претседател се врати во Овалната соба следната година, Ванс веднаш ќе се вклучи во разговорот за претседателската номинација на партијата во 2028 година, анализираат медиумите.

Слични содржини