Претстојниот викенд (10 и 11 април), јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот. Режимот на јавен превоз е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот.
Утре, сабота (10.04.2021 год.) нема да сообраќаат градските линии 41А и 43 и приградските линии 54, 55А и 65Б. Во недела (11.04.2021 год.) нема да сообраќаат градските линии 41А, 42, 43 и 73 и приградските линии 54, 55а, 64 а, 65Б, 118, 167 и 180.
Сите билетарници и центри за персонализација утре, сабота ќе работат од 7 до 18.30 часот. Во недела, центрите за персонализација нема да работат, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 18.30 часот, отворени ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи до 13 часот.