Неколку лица се повредени при пукање во камп за мигранти во близина на Сараево

од Milan1
16 прегледи

Во престрелка што се случила вчера околу 21 часот и 25 минути во населбата Блажуј во близина на мигрантски камп неколку лица се повредени, а пет од нив се пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Сараево, соопшти полицијата.

Локалните жители рекоа дека во кампот за мигранти во близина на Сараево постојано се слушале рафали и дека ситуацијата била хаотична.

Полицијата на кантонот Сараево потврди за Klix.ba дека неколку лица се ранети, меѓу кои и оние со тешки повреди.

На местото на настанот биле испратени голем број полицајци и екипи на брзата помош, јавува Танјуг.

Според неофицијални информации, дошло до голем конфликт меѓу мигрантите, поточно, спротивставени криминални групи кои престојуваат во мигрантскиот камп.

Слични содржини