Неколку лица во Ченто киднапирале Скопјанец и го натерале да се самозапали

од Milan1
91 прегледи

Денеска (04.07.2024) во 00:37 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во индустриска зона Ќојлија, а малку подоцна од страна на полициски службеници од ГП Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека во нивниот објект со повреди од изгореници дошол Б.А.(24) од Скопје, кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од нас.Ченто до Ќојлија.

– Лицата со закана го натерале да се запали, по што избегале, а тој успеал да го изгасне огнот, од кој бил зафатен и помошен објект во близина. Повредениот Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини