Неколку мажи се обиделе да извршат кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал на изборен материјал

од Milan1
199 прегледи

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

– Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Слични содржини