239
Повеќе германски медиуми повикувајќи се на интерни документи објавија дека неколку пратеници од Бундестагот сакаат да поднесат т.н. „парламентарно барање“ до Сојузниот уставен суд за забрана на партијата Алтернатива за Германија (АфД).
Тој предлог наводно е поддржан од некои пратеници на владејачките партии, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Зелените, како и некои членови на опозициските демохристијански партии ЦДУ и ЦСУ, односно пратеници на опозициската левица, пишува Дојче веле.
Тие пратеници се однесуваат како поединци, бидејќи тој предлог не е поддржан од комплетните пратенички групи.