Националната метеоролошка служба на САД денеска соопшти дека повеќе торнада ја погодиле областа на Чикаго, вклучително и едно во близина на аеродромот О’Харе, што предизвикало прекин на воздушниот сообраќај.
Откажани се повеќе од 170 летови, додека повеќе од 500 се одложени, објави порталот FlightAware, пренесува АП.
Видеата објавени од локалната телевизија покажаа дека голем број луѓе се засолнуваат во зградата на аеродромот, а директорот за комуникации Кевин Барњес изјави дека на аеродромот не е забележана штета.
Во исто време, повеќе од 10.000 граѓани останаа без струја.
Помеѓу 1855 и 2021 година, забележани се 97 значајни торнада во градската област Чикаго.
Најсмртоносното торнадо го погоди Чикаго на 21 април 1967 година, кога загинаа 33 лица.