Неколку угостителски објекти под клуч: Повторно прекршување на пропишаните мерки

310 прегледи

Угостителски објекти во Скопје се затворени во зајакнати контроли на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат. Против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека контролите се спроведени вчера од 16 до 23 часот при што се контролирани 297 угостителски објекти. Непочитување на законите се утврдени на подрачјето на Бит Пазар, Сарај и Аеродром.

Во 18:20 часот во објект на улицата „Отокар Кершовани“ сопственост на А.Ш. затекнати се гости по што објектот е затворен, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава.

Во друг случај во ресторан во село Бојане, сопственост на Б.Б. биле затекнати околу 80 гости кои присуствувале на прослава. Прославата е прекината во 16:30 часот, по што од страна на ДПИ објектот е затворен, а ќе следува и соодветна кривична пријава.

Во трет случај, во 19 часот во угостителски објект на улицата „Венијамин Манчуковски“ затекнати се девет лица по што објектот е затворен, а одговорното лице Ј.Н. е приведено.

Слични содржини