Неколку земји што на големо користат јаглен најавија на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов дека постепено ќе престанат да го користат тој облик на фосилно гориво, кој е тежок загадувач, пренесува Бета.
Британската влада соопшти дека „на повидок е крајот на употребата на јаглен“, бидејќи за прв пат 18 земји се обврзаа постепено да го укинат тој облик на фосилни горива и да не градат или финансираат изградба на нови на јаглен. Електрани.
Меѓу тие 18 земји се Полска, Украина, Виетнам и Чиле.
Јагленот има највалкана јаглеродна трага од водечките горива и е значаен извор на емисија на гасови кои придонесуваат за глобалното затоплување.
Критичарите, сепак, предупредуваат дека нема причина за голем оптимизам, бидејќи неколку големи светски економии сè уште не одредиле датум за крај на употребата на јаглен, вклучувајќи ги САД, Кина, Индија и Јапонија.
Ветувањата од другите земји се различни. Некои ветија дека во одреден момент целосно ќе престанат да користат јаглен, други велат дека ќе престанат да градат нови електрани на јаглен, а трети зборуваат за стопирање на финансирањето на нови електрани на јаглен во странство.