Нели Фуртадо и Ким Катрал во жешка кампања за долна облека (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
446 прегледи

Канадската пејачка Нели Фуртадо (44) ги вжешти социјалните мрежи откако се појавија нејзините фотографии и видеа на кои позира во долна облека за брендот SKIMS на реалити ѕвездата Ким Кардашијан.

44-годишната ѕвезда, која воодушеви на MTV Video Music Awards минатиот месец, изгледаше неверојатно во различни модели од најновата колекција долна облека.

Фуртадо е еден од моделите за новата кампања, а со неа позираат Хари Неф, Ким Катрал, Коко Џонс и Лани Кондор.

„Ви го претставуваме најдоброто од SKIMS: Ким Катрал, Нели Фуртадо, Коко Џонс, Хари Неф и Лана Кондор ќе ви ги претстават нашите највирални и највлијателни колекции“, стои во официјалната видео најава на SKIMS.

Објавата досега собра повеќе од 31.000 лајкови, а многумина во коментарите ја нарекоа Ким Кардашијан кралица на маркетингот.

Слични содржини