Џакарта не планира да ја ускрати поканата на рускиот претседател Владимир Путин за претстојниот самит на Г20 во средината на ноември, дури ни во случај на притисок од трети земји, изјави денеска индонезискиот амбасадор во Русија, Хозе Таварес.
Тој потсети дека индонезискиот претседател Џоко Видодо веќе испратил покани до сите лидери на Г20, вклучувајќи го и Путин.
„Тоа ја покажува позицијата на Индонезија, многу јасно“, рече Таварес за ТАСС.