326
На 14-тата седница, одржана денеска, Владата на Република Северна Македонија ги прогласи за неработни двете среди за кога се закажани претседателските и парламентарните избори, односно датумите 24 април и 8 мај.
Како што се наведува во соопштението, Владата им препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Северна Македонија да ги спроведат заклучоците за прогласување на две среда за неработни денови.
Тие заклучоци се донесени затоа што „потребно е секој граѓанин слободно да може да го оствари своето избирачко право во избирачката единица во која е запишан“.
Првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија ќе се одржи во среда на 24 април, а вториот во среда на 8 мај заедно со парламентарните избори.