Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „сомнително“ дали неговиот руски колега Владимир Путин го контролира опколениот пристанишен град Мариупол.
– Сомнително е дали го контролира Мариупол. Сè уште нема докази дека Мариупол целосно паднал, рече Бајден.
Коментарите на Бајден доаѓаат откако Путин претходно денеска ја објави својата победа во Мариупол, прогласувајќи го градот за „ослободен“ по речиси два месеци опсада, и покрај фактот што стотици бранители останаа скриени во џиновската фабрика за челик.
Американскиот лидер го повика Путин да дозволи хуманитарна помош за Украина за да им овозможи на оние кои беа заробени во фабриката за челик Азовстал да излезат надвор.
Претходно Бајден најави дополнителна воена помош за Украина во износ од 800 милиони долари.