НЕМА КРАЈ НА НЕПОВОЛНИОТ ТРЕНД: Кириите во Германија продолжуваат да растат

од Vladimir Zorba
1,K прегледи

Кириите во Германија продолжуваат да растат, поради недостигот на станови и високите трошоци за изградба, иако недвижностите стануваат поевтини. Во првиот квартал тие биле 4,3 отсто под цената од пред една година, објави здружението на банки ВДП, а пренесува германската новинска агенција (dpa).

Но, цените на закупнините на станбените згради скокнаа за 5,6 отсто – што се однесува на нови договори за закуп, а не на претходно склучени.

„Не се гледа крајот на неповолниот тренд за станарите. Притисокот врз пазарот на станови за изнајмување е огромен“, рече директорот на ВДП, Јенс Толкмит. „Побарувачката далеку ја надминува понудата“.

Изградбата стана значително поскапа во последниве години бидејќи трошоците за финансирање и изградба драстично се зголемија. Затоа потона градежништвото, а побарувачката исто така.

Според податоците на здружението, становите најмногу паднале во Минхен, најскапата метропола во Германија – за 5,3 отсто на годишно ниво.

Од друга страна, бидејќи забавувањето на градежништвото го влошува недостигот на станови, кириите продолжуваат да растат. Така ќе остане уште долго додека не се стабилизираат цените на становите, прогнозира ВДП.

Како што наведуваат, пресметките се базираат на податоци од повеќе од 700 банки кои финансираат недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување, кои често се оценуваат.

Слични содржини