Нема наредби-Третата светска Војно би била последната!

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Третата светска војна би била последна за човештвото, изјави претседателот на руската Државна дума Сергеј Наришкин во интервју за весникот “Известија”.

20150730.vfvuuwpoqt

“Русија без никакви сомнежи, ќе ги брани правата на своите сонародници, правата на нашите најблиски луѓе. Но, тоа ќе се прави, без  кршење на меѓународното право, туку и со  инсистирање на  другите земји да го почитуваат. Ние сакаме луѓето сами да си ја одредат судбината на својата земја. И ние сме против некој друг да го прави тоа.

Кога и  наметнуваат на Русија логиката на Студената војна, таа треба да даде соодветен одговор на овој предизвик. Но зборовите “граница на мирот” и “трета светска војна” треба да се користат многу внимателно – и во Русија, и зад граница. Третата светска војна би била последна за човештвото. И зајакнувањето на рускиот воен потенцијал е насочен кон тоа, да не се дозволи таква војна “, изјави Наришкин.