По втор пат пратениците од владејачкото мнозинство го отфрлија амандманот со кој со ребалансот на буџетот требаше да се обезбедат пари за линеарно покачување на платите во јавниот сектор согласно растот на минималецот.
Од ССМ велат дека генералниот штрајк во јавниот сектор, велат, ќе продолжи сè до исполнување на нивните барања.
„Им благодарам на овие ненародни пратеници кои изгласаа НЕ за покачување на платите на работникот ќе им ги прочитам имињата и јавно: Марија Георгиевска, Даниела Марковска, Диме Велковски, Марија Кочовска, Коле Чакарлиев, Арта Биљали Зендели, Бајрами Кадрија и Панчо Минов кој не гласаше и не сакаше да им помогне на работниците никогаш повеќе пратеници, никогаш повеќе глас од работниците, оставка одма“, посочи Дарко Димовски.
Седницата на комисијата траеше неколку часа, а власта и опозицијата продолжија со меѓусебните обвинувања.