Нема повеќе автомобили за народот: Што може да се купи под 20.000 евра?

од Vladimir Zorba
371 прегледи

Евтините автомобили станаа загрозен вид. И не се мислиме само на електрични модели, туку и на обични бензински и дизел мотори. Според германските медиуми, на пазарот останале само 30 модели кои чинат помалку од 20.000 евра.

Во споредба со пролетта 2022 година, бројот на модели со цена помала од 20.000 евра падна од 45 на 30.

Интересно, бидејќи Polo поскапе за 1.000 евра, меѓу 30-те модели нема ниту еден Volkswagen. Најевтината верзија на Polo сега чини 20.830 евра.

Сепак, VW не е сам во својата ценовна политика. Основните верзии на конкурентите како Ford Fiesta, Peugeot 208 и Toyota Yaris сега чинат повеќе од 20.000 евра.

Причините за поскапувањето се различни, а дел е од политички карактер: новите стандарди за емисија на штетни гасови и сè повеќе задолжителни системи за помош што ги наметнува ЕУ ги „исфрлаат“ од пазарот достапните мали и компактни автомобили.

Покрај тоа, зголемени се цените на материјалите, енергијата и суровините кои производителите на автомобили им ги пренесуваат на своите клиенти.

Нови автомобили на германскиот пазар кои сè уште се достапни за помалку од 20.000 евра:

Opel Corsa

Škoda Fabia

Seat Ibiza, Arona

Fiat 500

Citroën C3

Hyundaii10, i20

Kia Picanto/Rio

Nissan Micra

Renault Twingo, Clio

Toyota Aygo X

Suzuki Ignis, Swift

Dacia Spring, Sandero, Duster, Jogger, Lodgy

MG Roewe

Слични содржини