Нема повеќе евтини руски визи за граѓаните на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Во Руската Федерација вчера стапи на сила законот за укинување на поедноставниот визен режим со европските земји, Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Со законот се синхронизира наплатата на таксите за издавање руски визи со одлуките на властите на овие земји за суспендирање на меѓународните договори со Руската Федерација за меѓусебно поедноставување на издавањето визи, соопшти Конзуларното одделение на министерството за надворешни работи на Русија.

Со стапувањето на сила на овој закон, на граѓаните на споменатите европски земји ќе им се наплатуваат такси утврдени со руското законодавство и кои се рефлектираат во таксите одобрени со соодветните наредби на амбасадите на Руската Федерација, се прецизира во соопштението.

Но, во согласност со одобрението на претседателот на Русија, сепак е можно издавање визи на одредени граѓани од споменатите земји без испраќање покана до органите на руското министерство за внатрешни работи, т.е. без соодветен директен повик.

Ваквите привилегии се однесуваат на претприемачи, лица кои учествуваат во научни, културни или креативни активности, учесници на меѓународни спортски настани и официјални програми за размена меѓу збратимените градови, ученици, студенти, дипломирани студенти кои одат на студии и пракса, блиски роднини на граѓани на европски земји кои живеат во Русија, возачи на камиони, пренесува RT Balkan.

Слични содржини