НЕМА ПРОТЕСТИ БЕЗ РОГОВИ: Во Москва, демонстрант опремен идентично како оној од Вашингтон!

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

На денешниот протест во Москва поради апсењето на опозиционерот Алексеј Навални, беше воочен демонстрант идентично облечен како еден од оние кои ги обележаа протестите и упадот во Капитол во Вашингтон.

Со рогови на главата, беж панталони кои личат на пижами, маица која имитира тетоважи, овој демонстрант носеше и руско знаме во чии бои беше обоено неговото лице.

Додека идентитетот на лицето со рогови од Москва сè уште не е познат, оној од упадот во зградата на Конгресот во Вашингтон беше една од главните теми во деновите по немирите, на 6 јануари, како во медиумите, така и на социјалните мрежи.

Додека не се открие идентитетот на московскиот демонстрант со рогови, не е познато дали станува збор само за имитација на човекот кој привлече големо внимание, дали е исто така еден вид „шаман“ или дали овој феномен носи одредена симболика.

Најмалку 42 полицајци се повредени за време на неовластените протести на приврзаниците на уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални во Москва, додека според извештаите на странските медиуми, повеќе од 1.000 демонстранти биле приведени ширум Русија.

Слични содржини