Новинарите кои известуваат на српски јазик денеска биле оневозможени да ја следат средбата меѓу заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и косовската претседателка Вјоса Османи, информира „РТ“ на српски јазик.
Службеникот на косовското Претседателство не им дозволил влез на средбата меѓу Ескобар и Османи на повеќето медиуми кои известуваат на српски јазик и со тоа им го ускратил правото да известуваат.
Новинарите претходно поднеле барања за акредитација, но тие се уште не се издадени од кабинетот на Османи.
До оваа средба на медиумите им беше дозволен влез врз основа на списокот на акредитирани новинари и сниматели.
Ескобар претходно се пожали дека САД и нивните партнери од ЕУ и Балканот имаат проблем во комуникацијата со Албин Курти.