Нема веќе Volkswagen под 20.000 евра?

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Volkswagen некогаш беше познат по тоа што нуди достапни возила за средната и пониската класа, но неодамнешните случувања покажуваат дека компанијата се повеќе се оддалечува од своите оригинални корени.

Причините се многубројни: енергетската криза, електромобилноста со сложени компоненти, како и системите за помош и стандардите за емисија кои станаа задолжителни во ЕУ, ги принудуваат компаниите да ги префрлат повисоките трошоци за развој и производство на своите клиенти, пренесува 24hamburg.

Во исто време, производителите компензираат за високите трошоци на електричните возила преку цените на возилата со конвенционален погон. На овој начин дојдовме до фактот дека електричните автомобили повеќе не се поскапи од моделите со мотори со внатрешно согорување, пишува Focus Online.

Така, во Германија почетната цена на класичниот градски автомобил VW Polo беше покачена на над 20.000 евра. Polo сега е достапно за најмалку 20.830 евра. Тоа значи дека Volkswagen повеќе не нуди модели под овој ценовен праг во Германија. Бидејќи ниту помалиот VW Up веќе нема да биде достапен по цени под 20.000 евра.

Варијантите на VW Up наведени во конфигураторот за помалку од 15.000 за основниот модел едноставно се распродадени, пишува Merkur.de. Со приближувањето на крајот на производството во 2024 година, во Волфсбург се уште не е донесена одлука дали воопшто ќе продолжи производството на најмалите серии на модели. Моментално во Германија можете да ја нарачате само верзијата GTI (20.230 евра) или електричниот E-Up! (скоро 30.000 евра).

Затоа не е нереално најавениот VW ID.2, кој ќе пристигне за неколку години, да биде најевтиниот модел на VW во Германија со цена од околу 25.000 евра.

Слични содржини