Нема влез во Грција без ПЦР тест не постар од 72 часа

268 прегледи

Грција донесе одлука, која од денес ги обврзува сите оние кои ќе пристигнат во земјата со меѓународни летови да покажат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа пред патувањето.

Грција е во карантин, па така овие упатства ги издаде Службата за цивилно воздухопловство, а истите стапуваат на сила од утринава.

Од понеделникот, летовите во внатрешноста на Грција се само за неопходни патувања.

Инаку за потсетување, од почетокот на пандемијата, во Грција се регистрирани 55.000 заразени лица, а битката ја загубија речиси 800 лица.

Слични содржини