Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, како и одлуката за ограничување на копнените поврзувања со соседните земји се продолжени до седми јануари 2021 година, односно до денот до кога во Грција се во сила карантинот и рестриктивните мерки.
Одлуката на грчката Влада за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната” за да се ограничи ширењето на коровирусот, е веќе објавена во Службен весник на Грција и стапува во сила вечерва, една минута по полноќ.